logo

# Сатира

ЗАЕВ: ТРАГЕДИЈАТА ПОЗИТИВНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА!

насловна слика

Поранешниот премиер, кој пред пар недели си даде оставка од премиерската позиција во дражвава - Зоран Заев се јави со свое мислење за трагедијата во Бугарија во која 45 македонски жители го изгубија својот живот.

 

Имено, според Зоран Заев, оваа трагедија позитивно ќе влијае на односите со соседна Бугарија и дека...

 

Shefe, vidi, ne mozam deneska da pishuvam parodii, ne go postiraj ova na sajt. Probav nesto, napisav dve recenici, ama ne mi ide, stvarno e zhalna situacijata, ne mozam da izmisluvam satiricni vesti. Bashka, duri ni Zoran Zaev ne e tolku glup da kazhe nesto vakvo, nema smisla da pisham nesto vakvo, znaesh deka toa sto pisuvam sakam da e realisticno.

 

Ne ja postiraj vesta, neka pomine den-dva pa ke izmislime nekoi drugi, realni raboti, namesto vakvi raboti  koi nema shansa da se desat vo vistinski zhivot posto Zaev ne e sepak nekoj bezdusen glup covek.

 

EDIT: Авторот што туку дозна дека сепак, Зоран Заев навистина рекол нешто вакво.

Коментари


Остави коментар

Одбери дата на пост