logo

# Сатира

ЗАЕВ: Точно е, препишавме од Апасиев!

насловна слика

„Добро, сме го препишале антилихварското законодавство, и што? Чудо големо! Апасиев веднаш како да мораше да постира на ФБ! Како што знаат граѓаните, Апасиев е познат лутко помеѓу колегите и некогаш за инает, не заради тоа што има добро напишано, препишуваме од него. Тоа е интерна колегијална шега, и нема потреба да се стави во сериозни размери! Шега! Да не треба сега цела влада да признае за препишаното или да даде оставка? Ха, тоа би било смешно! Секое време носи со себе нови предизвици, ние, владата на нашата земја, водени од онаа народната „И да погинеш, колку можеш ќе се спасиш“, уште еднаш потврдуваме дека сите сме луѓе од крв и месо, емпатични, полни со емоции и што е најважно нѐ краси моралот! А, на Апасиев  му порачуваме да продолжи да пишува закони...“ – рече Заев и продолжи да го разгледува ФБ профилот на лидерот на Левица.

Коментари


Остави коментар