Добри вести! Сепак, денеска, 8.09.2021 ќе се слави независноста на нашата, ваша, а и впрочем сечива земја!
Но сепак, тоа не било сигурност се до пред некој ден, кога Зоран Заев добил дозвола за прослава на независноста.
"Независност е моќен збор. Навистина ми значи што јас, независно се распрашав во партија дали смеам да прашам за дозвола од соседите и стратешките партнери. Потоа, јас и уште неколку колеги отидовме и независно ги прашавме амбасадорите, министрите и политичарите од нашите соседни земји, стратешки партнер и останати држави кои имаат или немаат проблем со нашата држава.
Отпосле, откако независно ги прашавме и добивме дозвола, ние независно сфативме дека имаме дозвола од државите од кои што зависиме.
И затоа, сега можам гордо да кажам дека славиме независност!
А ќе славиме и догодина!
...нели, ако дозволат државите од кои што зависиме.
СРЕЌНА НЕЗАВИСНОСТ МАКЕ...НАШЕЗЕМЈОНИО!!!" - гордо изјави Заев.