logo

# Сатира

Заев: Спремен сум заеднички да ја славиме Лоба со Русија!

насловна слика

Премиерот што има сериозни ставови што воопшто не ги менува и човекот што дефинитивно почитува потпишани договори и дефинитивно кога го прашавме дали го има прочитано уставот на Република Македонија не ни одговори "Uf, ke chekam filmot da izleze, me mrzi da chitam sea, nemam vreme" најави нови промени во нашата земја.

 

Имено, Зоран Заев рече дека е време Викторија Лоба да ја славиме заедно со Русија, со цел Русија во иднина да не не' спречи од влегување во унијата што автоматски ти го прави животот маестрален.

 

"Видете, не смее да се остават работи на случајноста. Знам, Русија не е дел од ЕУ, затоа е и на исто ниво како и нашата земја, бидејќи сите знаеме дека е невозможно да си успешна земја ако не си дел од ЕУ. НО! Што ако утре им текне да ни мавнат вето поради тоа што Викторија Лоба ја преставуваме како нашаземјеста пејачка? Што ако?!?! Што правиме после? Ќе треба Љубчо, Бучко и Грујо да ги викам да преговараат со Путин. Затоа, ептен е битно пред време да се решат сите проблеми. Јас уште од сега јавно кажувам дека Лоба е Русинка што нема никаква врска со нашата земја. Мрш од тука Лоба, не го спречувај прогресот на државава! Мрш! Не сакам вето од Русија поради тебе!!!"

 

Кога го прашавме Заев како земја што не е членка на ЕУ би ни мавнала вето за влез во Унијата, тој ни кажа "Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Ајде да гледаме напред кон нови теми на разговор." - по што се сврти и замина.

 

Кога ја прашавме Викторија Лоба како се чувствува за ова таа ни кажа "Уат д фак, чоече?!?!?"

Коментари


Остави коментар