Премиерот Зоран Заев денеска упати навистина оптимистични зборови кон нашите фудбалери.
Имено, тој е оптимист и верува дека Македонија ќе ја победи Австрија на престојното Европско Првенство.
"Мислам дека ќе победиме. Е сега, за жал, тоа значи дека ќе мора да поминам повеќе Курцово време. То ест време со Курц. Овој, на Австрија што е. И тоа значи дека ако ги победиме сигурно ќе не блокираат. Па затоа ќе треба да решаваме некоја заедничка историја.
Ама не е се така негатвино!!!
Наводно, овој пат нема ние да даваме човек од нашата историја, туку ми кажаа дека Австрија сакала да ни даде нивен човек.
Некој уметник.
Нешто такво, не знам, некој со мустаќи како Чарли Чаплин или шо знам.
Мила Царовска баш ми кажа дека ќе пише во учебниците дека тој уметникот не бил од Австрија туку од Македонија.
Ме радува ова.
Се е решено од билатерален аспект, останува само фудбалерите да победат! Остваруваме!!!" - изјави Заев.