logo

# Сатира

Заев: Сите ќе умреме еден ден, зошто да се замараме дали пописот е фер?

насловна слика

Поранешниот премиер, а иден бегалец од власта - Зоран Заев со свое гледиште за резултатите од пописот.

 

Тој вели дека нема потреба зошто народот да се нервира за тоа дали резултатите се фер, дали во држвава се почитуваат законите и дали утре ќе живеат во демократска држава или не.

 

Според Зоран Заев, глупо е луѓето да трошат енергија за работи што не може да ги  контролираат.

 

"Не може да ги контролираш работиве. Освен ако не си амбасадорката на САД. А не си. Така да... зошто да се замараш за тоа дали работите во државава се фер или не?" - изјави Зоран Заев.

 

Реалниот став на Зоран Заев доаѓа откако тој имал духовно будење откако дошол на власт.

 

"Види, порано и јас се замарав. Сака да има правда. Да се почитува демократијата. Ама откако дојдов на власт имав духовно будење и сфатив дека не мора да се менува власт, не мора да се гласа, не мора да се почитува устав. Битно е да бидеме опуштени. Зошто да се замараш за устав или за попис? Зошто да се замараш за закони? Зошто да се замараш за неправди? Сите ќе умреме еден ден. Затоа... уживај си. Живеј си живот. Што има да ти е гајле што се дешава во државава? Гајле ти е за закони и демократија. Уживај. Сите ќе умреме, нема потреба зошто да се замараш за неправдите. Има други што ќе мислат за тебе." - изјави Зоран Заев.

Коментари

Зоран

Otkako oplacka milioni, ja unisti drzavata, i se uste si del od neprijatelite na Makedonija, sega izleguvas so komentar sto dolikuva naeden bolen Psihopat, Sizofrenik, manijak, koga ke ti se konfiskuva se sto ukrade, i ke odis na besilka, togas ke vidime kakva izjava ke dades satanisticko kopile. Semeto da ti se sotre

B9DX8vufEYHsbfyoCzjyhQxDkldfC2DgI1jzWe5Q

Nema lek za tebe

VUV3FQtam8VQA0bGU7lVyuGE67dEoiMvwO5kW9oH

Dali gledate k

VUV3FQtam8VQA0bGU7lVyuGE67dEoiMvwO5kW9oH

Sto se slucuva so ovoj nepismen koj ja vodese Makedonija 5 godini abe dali toj e za vo ludnica ili nie site sme pod hipnoza pa d

g6dZT8YPk8I3ronHxSegJ2M63HFddMNU5z3UUkJV

STOKA UM !!! PREŽIVAR


Остави коментар