logo

# Сатира

Заев: Сите ќе умреме еден ден, не е битно дали фашизмот е лош!

насловна слика

Екс-премиерот Зоран Заев со свој став за моменталната ситуација во светот.

 

Тој смета дека граѓаните не треба многу да се замараат со било што, бидејќи сите ќе умреме еден ден и затоа е небитно дали фашизмот е лош или добар.

 

"Што е битно бе тоа фашизам? Светот е огромен. Јас сум само една единка на планетава. Јас иако сакам да верувам дека сум битен, во големата слика на светот, не сум побитен од претеседателот на САД, на пример. Е сега, ајде да погледнеме понатаму. Ако сум јас мал во светот, уште помал сум ако се види дека светот ни е дел од Сончевиот систем. Знаете ли колку сме мали ние како индивидуи ако се гледа целиот систем? А што правиме за понатаму? Целата галаксија!  Ехеее па ние сме ништожни! Живот е краток. Ајде да не се замараме за небитни работи како фашизам. Сите ќе умреме еден ден, апсолутно е небитно дали ќе живееме во фашистичко општество. Тоа што некои 2 милиони жители би живееле во фашизам не е битно во големата слика. Ние сме ништо, само честички во универзумот. Дали ќе умреш за време на секс или поради тоа што фашистички диктатор ќе те убие... е небитно. Сите ќе умреме. Никој нема да не запамети. Светот нема смисла. Господ не постои. Сите ќе умреме. Апсолутно е небитно дали ќе живееме во фашизам или не, престанете да се замарате со глупости што никој нема да  ги памети за илјадници години од сега. Ќе умрете. На никој не му е гајле како ќе умрете." - изјави Зоран Заев кој го сретнавме на одмор во Перу.

 

Коментари

Xq1MTHcgcrgOwqGQMJGuBBPVWno40srKfwF1RwTs

MI KAZA DIREKTOROT DEKA KE UMRAM AMA JAS SUM MAKEDONSKI PARTIZAN VO DUSA DO KRAJ


Остави коментар