Лоши вести од домот на фамилија Заеви.
Без разлика на вашата политичка определеност, не може а да не сочувствувате со болката на Зоран Заев, кој утрово дозна дека неговиот син најверојатно после завршеното средно образование во локалното училиште за фирмо-основачи нема да продолжи да се надградува во некој од факултетите туку дека директно ќе проба да основа фирма за електрична енергија на која токму 18-годишникот ќе биде главен.
"Криво ми е. Се запиша средно фирмо-основачко, а јас му реков дека нема пари во тоа. Му реков нешто правник или лекар да стане, ама не ме слушаше. И еве, сега на само 18 години ќе прави фирма за електрична енергија. Жално. Толку млад, животот е пред него, а уште од сега се занимава со работа. Нека проживее малце, нека прошета, нека го искуси живототм не мора одма работа, ама ете, дете, запнал да основа фирма и... тоа е, што да правиш. Криво ми е, вложував толку многу во него, а тој ете, одма после завршување на средно се фаќа со работа... Жално." - низ солзи раскажа Зоран Заев.