logo

# Сатира

Заев пред мечот со Украина: Северна Украина е решение за кое што сум спремен да водам напред, следете ме!

насловна слика

На ден пред натпреварот на Македонија со Украина, познатиот Нобеловец Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Украина во Скопје.

 

На собирот се разговарало за секакви работи, а нашиот лидер решил да ги оправа проблемите на Украина.


"А бе, пер? Види, видов ова дресовите ваши... демек имале мапа на неа? Па Русија се бунела. Па нешто Крим... проблеми, ова она? Е па... ми текна. Северна Украина. Крим ќе биде на Русија, а вие ќе го смените името во Северна Украина. Генијален предлог зарем не? Така повеќе Русија нема да има проблем со вас. Јас вака го решив проблемот и влегов во Европска Унија. Јас. Не државата, ама јас, еднаш бев нешто глеав, сокчиња им носев. 
 

Ама муабетот ми е... Северна Украина е решение за кое што сум спремен да ве водам напред. Следете ме. И на крај краева... не се битни дресовите. На дресовите нека стои NORTH UKRAINE. Пошто нели... Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството со Русија е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови.

Слушај што ти зборам." - рекол Заев кон претставникот на Украина.

 

Дознаваме дека амбасадорот на Украина само се прекрстил и ја напуштил собата.

Коментари

Xpebrjcm2F7q8otStHuxoFhOhRAKMhzCybbrPpWQ

Хахаха, се крсти цела држава, па му станало навика и на амбасадорот.....хахаха


Остави коментар