Премиерот на нашата земја денеска се сретна со Австријскиот канцелар Себастијан Курц, а Зоран Заев вели дека разговорите поминале во најдобар ред и во духот на добрососедските односи (што е малце чудно со оглед на тоа дека не сме соседи со Австрија)
"Нашите се ок, ама ќе навивам за фудбалерите на Курц. Австрија е сосема ок екипа, и баш канцеларот кажа дека ги почитува сите играчи на неговата земја. И го делам мислењето. Мислам дека Курцовите надежи ќе влезат во аналите на Европските првенства. Најверојатно ќе влезат во 1/2 финале или нешто слично. Најбитно е да имаме добрососедски односи со Австрија. Иако не сме соседи. Добрососедство е состојба на умо." - изјави Зоран.