Добро е да се види дека постојат луѓе што се свесни за реалноста на постоењето!
Екс-премиерот Зоран Заев објави фејсбук статус во кој тој пробува да им објасни на луѓето дека животот е краток и дека нема потреба да се троши на "исправање криви дрини" и борба за или против измислени концепти.
"Секојдневно гледам луѓе што се замараат со глупости. Замислете, гледам во 2022 луѓе уште говорат за нации, за држави, за правда, за уставност... Срамота! Па до кога ќе се замараме со вакви измислени концепти? Држави? Нации? Па тоа се измислени работи. Тие не постоеле отсекогаш. Еве, погледнете ги животните, растенијата, природата. Гледате ли нации кај нив? Гледате ли држави? Гледате ли поделби на наши и нивни? Секако дека не. Дали гледате правда или уставност во природата? Секако дека не. Лавот ја јаде зебрата, зебрата го јаде црвот, црвот јаде нешто друго, не знам сеа, имам бегано на часови по зоологија.. Поентата ми е... До кога бе луѓе ќе се замараме со вакви измислени концепти? А бе краток е животот, глејте таму излезете, живејте си живот, гласајте за СДСМ, нападнете го секој што ќе каже нешто лошо за СДСМ и бидете среќни. Срамота е да се замарате за измислени концепти во 2022. Ајде поздрав, се брзам!" - напиша Зоран Заев на фејсбук.
Браво!