logo

# Сатира

Заев: ПОСЛЕ ПРЕСПАНСКИОТ НА СИТЕ МАПИ СМЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПА!!!

насловна слика

Кој вели дека немаше ќар од нелегалниот Преспански договор?

 

Премиерот Зоран Заев, кој претходно кажа дека поради овој договор порано сме биле ФИРОМЦИ а сега сме МАКЕДОНЦИ, успеа во меѓувреме да најде уште една позитивна работа после договорот!

 

Имено, според него, договорот толку многу не зацврстил идентитетски и сега на сите мапи сме дел од Европа!

 

"Па луѓе, дали сте вие свесни колку многу ќар има од договорот. Договорот потврди дека сме ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА!!! Еве, баш пред некој ден земав мапа на Европа... И ПОГОДЕТЕ ШТО!?!?! Ние бевме дел од мапата!!! Бевме дел од мапата!!! Таму, во близина на Србија, Бугарија и уште пар земји... ВО ЕВРОПА БЕВМЕ!!! А паметам, еднаш, како мал по предметот Географија не успеав да ја најдам Македонија на мапа од Европа!!!" - изјави Зоран Заев

 

Како дополнување, министерката Мила Царовска изјави "Хмм... најверојатно и претходно сме биле дел на Европската мапа, а претпоставувам дека само Зоран не бил добар ученик во основно. Ама за секој случај... ќе го укинеме предметот Географија."

Коментари

OPJYyuGGrkdaJUTQ1zcygaACbDZMYQ6niuoIFuWr

по потреба и сите останати предмети, освен нормално голем и мал одмор, на кои Зоки се има покажано како првенец у генерација...


Остави коментар