logo

# Сатира

ЗАЕВ: ПОСКАПУВАЊЕТО НА КЕСИТЕ НЕ Е ПОПУЛИЗАМ БИДЕЈЌИ НЕ ЗНАМ ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ ПОПУЛИЗАМ

насловна слика

Лидерот на СДСМ во заминување, премиерот на РМ во заминување и човек што порано јадеше само салата за доручек во заминување - Зоран Заев со цврст став против сите кои го обвинуваат за новите мерки за поскапувањето на кесите и велат дека оваа мерка е чист популизам.

 

Имено, луѓето кои го бранеа популизмот во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оваа мерка е популистичка.


Во исто време, луѓето кои редовно штрајкуваа против популизмот на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека не треба сега да се замараме дали нешто е популизам или не, односно како што велат "Aj batali sea, na rabota sum nesto u sobranie, chorba treba da jadam na pauza, ke ti pisam posle"

 

Сепак, Зоран Заев е во одбрана на оваа мерка. 

 

"Дали оваа мерка е популизам? Ам... а бе види сеа, не можеш само така да  глеаш на работите. Има попусти. Попустизам мора да има за да не биде скапо и овај... чекај, што кажа? Попу... што? Популизам? Уф... дефинитивно не сум донел мерка што е популизам, пошто не ни знам што значи зборов. Ако знаев можеби и ќе донесев, ама не сум од тие што прават работи што не ги разбираат. Извини, ќе мора да те разочарам со одговорот, ама не, мерката не е популизам бидејќи не го знам значењето на зборот. Пријатно." - изјави Зоран Заев во брзо интервју за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар