logo

# Сатира

Заев: Подобро да сме фашисти во ЕУ, наместо не-фашисти што не се во ЕУ!!

насловна слика

На денот кога се потсетуваме дека идиоти за лечење од Македонија на брутален начин ги раниле административците кои дошле во Северна Македонија со цел за обединување на Европа во една држава, со еден јазик, една валута и еден едиснтевен идеал, премиерот Зоран Заев уште еднаш потсети колку е битно да се заборави жртвата на административците и дека не смееме да дозволиме поделбите да го прекинат патот на земјава во ЕУ!

 

"Гледам некои викаат лошо е да си фашист. Бугарија беше фашист. Каде се сега тие? Во ЕУ. Каде сме сега ние? Надвор од ЕУ. До кога ќе дозволуваме да се делиме на фашисти и луѓе што не сакаат фашизам? Ајде да се обединиме! Дали кажување дека фашизмот е лош ќе ви ги нахрани децата??? Секако дека не. Дали не-бришење на втората светска војна од учебниците по предметот "Ова не е Историја" ќе ви ги нахрани децата? Секако дека не!

 

Ајде да не бидеме себични материјалисти! Направете нешто за да имате подобар финансиски статус!

 

Подобро е да си фашист во ЕУ, отколку не-фашист што не е член на ЕУ!
 

Продолжуваме со битката за влез во ЕУ! Како што нашите предци од 11 октомври би сакале!

 

ПРОДОЛЖУВАМЕ! КОН ЕУ!!!!!

 

А чек, не сфаќам, како ова 11 октомври бе? Нели е школо? Школото се борело демек нешто? Не сфаќам? Што? Микрофонот ми е пуштен уште? Па угаси го бе..." - кажа Зоран Заев на прес за медиумите.

Коментари

XExJVZslc6CDmj13ry8G9nGCT4pv9OVNt6j1fsgQ

Зоки звани вечити лапсус


Остави коментар