logo

# Сатира

ЗАЕВ: Патриотизам е да помогнеме во борбата со пожарите!

насловна слика

Премиерот на... ам... премиерот на одредена земја - Зоран Заев, конечно се појави со свој став за пожарите што беснеат низ државата.

 

Имено, тој кажа дека најголемо дело на патриотизам е да се помогне во борбата со пожарите!

 

"Патриотизам е да се помогне во борбата со пожарите. А во последните неколку години велев дека патриотизмот е демоде. Баш и на говорот за Илинден реков дека деновите во кои ќе се натпреваруваме во патриотизам се готови.

 

Затоа, бидејќи борбата против пожарите е патриотизам... а во 2021 нема простор за патриотизам...

 

...јас решив да отидам на одмор во Грчка.


Би ви препорачал и на вас исто, особено доколку сте дел од подрачјата зафатени со пожарите.

 

А ако немате пари за одмор во Грчка - отидете до Бугарија." - изјави Зоран.

Коментари


Остави коментар