Познатиот познавач на законите, уставот и договорите кој сам си ги потпишува - Зоран Заев, овие денови е се уште премиер на... некоја земја.
Иако тој ја најави својата оставка пред неколку денови, господинот Заев сепак се уште е вработен исто како и Венко Филипче.
Поради ова, екипата на Кооперација имаше блиска средба со премиерот и го праша што ќе се случи со најавената оставка?
"Што? Оставка? Хмм.. не знам... ај... ај да разгледам наоколу па ќе се вратам. А до колку работите иначе? До 7? Уф.. ајде.. ќе... ќе навратам деновиве... да... да разгледам само.. ајде... се брзам сега... имам... ам.. имам нешто работа. Ајде! Ќе видиме" - кажа Заев и го напушти интервјуто со нашиот новинар.