logo

# Сатира

ЗАЕВ: ОМИКРОН ВО ЗЕМЈАВА? ТОА Е ГРЧКА БУКВА, ДО КОГА ЌЕ КРАДЕМЕ ИСТОРИЈА БЕ?!?!?

насловна слика

Добри вести за сите што се плашат од Омикрон варијантата на вирусот КОВИД-19. Премиерот во заминување, Зоран Заев денеска објави дека се додека тој е на власт нема да дозволи нашата земја да биде поврзана со Омикрон на било кој начин.

 

"Што? Омикрон во земјава? ОМИКРОН? СЕРИОЗНО??? Грчки букви? Во нашата земја??? Ма ајде ви се молам, до кога со овој национализам? Што, као ние немаме наши букви? Грчки букви ќе крадеме? До кога бе ќе ја крадеме историјата на Грција? Омикрон у земјава? Што е следно? Стефанос Циципас во државава? Омега во нашата република? Узото е од 🇲🇰 ? Што е следно? Сакис Рувас е Македонец? Тоше Проески е Македонец?  Гоце Делчев е Македонец? До кога бе??? До кога ќе крадеме историја од нашиот сосед???" - изјави Зоран Заев кој напушти пред да го прашаме како успеа да го изговори емоџито 🇲🇰 во вистински живот.

Коментари


Остави коментар