И премиерот има свој став за прзникот 11 октомври! Имено, Зоран Заев на прес за медиумите остро го нападна чинот на "првата пушка" и го осуди за тероризам од страна на анти-ЕУ сили кои биле против обединување во една заедничка унија наречена Германија.
"Срамота. До ден денеска ми е срам што сум дел од држава. Знаеме дека и порано имало жители што се бореле за независна Република Северна Македонија, ама ова е премногу. Пукање во недолжни луѓе од администрација? Хаос. Да беа живи ќе беа во затвор сега и одма ќе ги фатеше Оливер Спасовски. Ептен ме фаќа језа од самата помисла дека порано тука некои биле против идејата за сите да живееме заедно во една држава, со еден систем на вредности, со еден јазик... тоа е... Извинете браќа административци! Да не се повтори злото наречено 11 октомври! Никогаш повеќе да не пукаме по странци кои сакаат да ни ги донесат нивните вредности тука! Почивајте во мир сите што умревте за Адолфовиот сон за заедничка, обединета Европа! ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!!!" - изјави Заев.