Зоран Заев е се уште премиер и лидер на СДСМ. Овој факт ги шокираше сите луѓе што ја знаат дефиницијата на зборот "оставка", нешто што Зоран Заев си поднесе веднаш по завршувањето на вториот круг од локалните избори.
Сепак, господинот Заев вели дека се збунил и дека не знаел што е вистинското значење на зборот "оставка" бидејќи како што вели тој "се уште го нема прочитано новиот речник на зборови"
"Не знам зошто ме зафркаваат луѓево. Велат дека сум дал оставка. Сум дал оставка... ама тоа е дефиницијата на стариот речник. Не сте го виделе овој новиот, што го спремаме со Мил Царовска. Во новиот речник "давање на оставка" значи "останување на власт и местење на тендери со цел свое збогатување"! Малку е глупо што заостанати луѓе ме исмејуваат. Прво треба да го видите новиот речник. Тоа е речник на прогресот. Мора да измислуваме нови значења на зборовите. Замислете да бевме заостанати и да не измислувавме нови работи? Уште ќе палевме оган со стапчиња и камчиња... ма ајде ви се молам. Затоа, време е за нови дефиниции на зборовите! Искрено, ни јас не го имам прочитано целиот нов речник, ама до крајот на 2022 ќе биде пуштен во продажба. Нов, пргоресивен речник со нови значења на старите зборови. Одиме напред! Уште неколку оставки ќе си дадам ако треба!" - изјави Зоран Заев.