Зоран Заев повторно потвди дека нашата, ваша, а и впрочем сечија земја е бастион на правдата, уставноста и законите! Нема кој не одговара и не си ја издржува својата казна затвор!
Откако излезе информација дека Кичеец и Рашковски имале слободни денови од затворот за да се лечат, испадна дека за лечење бил и Зоран Заев, кој во моментов ја издржува својата казна затвор.
"Видете, луѓе ми вадат муабети дека Бранко ме аболицирал и дека уствари никогаш не сум се соочил со правдата. Тоа не е вистина. Јас во моментов сум во затвор.
Ама за лечење сум.
Знаете, не сум баш добро со здравјето па ми даваат слободни денови.
Истко ко Кичеец и Рашковски.
И така, затоа ме гледате тука, дека имам пауза од затворот за лечење.
Иначе во затвор сум и се е во ред.
Правдата повторно победува!" - изјави Зоран Заев за медиумите