logo

# Сатира

ЗАЕВ: НЕ ШИРЕТЕ ОМРАЗА ОНЛАЈН... НАПРАВЕТЕ ГО ТОА НА УЛИЦИТЕ!

насловна слика

Конечно! Најемпатичниот помеѓу најемпатичните! Најоптимистичниот меѓу најоптимистичните! Најпозитивниот помеѓу најпозитивните се јави со свое мислење!

 

Ден откако голем дел од објективните фанови со членска книшка од СДСМ искажаа жалење за негативната енегија што владее онлајн после катастрофата во Тетово, со својот став се појави и Зоран Заев.

 

Тој, исто како и неговите симпатизери ги повтори мислењата дека не е убаво да се прави притисок на министер за здравство поради негова грешка онлајн и дека дефинитивно не можеме да градиме правна држава со омраза, негативна енергија и заборавање на сите добри работи во нашите фејсбук и твитер постови.

 

"Вчера се пуштам на фејсбук. Само што станав од спиење и кафе имав спремно и еден сендвич со салама пред мене... и само што тргнав да скролам... што да видам? Омраза! Негативна енергија! Барање на одговорност од Венко.

 

Не се прави така тоа бе дечки.

 

Ви текиња на случајот за Тамара? Ви текиња на Грујо? На Тодоров - министерот за смрт?

 

Ви текиња на шарената револуција? Ви текиња на тоа кога срушивме режим со пенкало?


Секако дека тоа не го направивме со тастатура или мобилен.

 

Го направивме преку борба на улиците. Дури и јас излегов се фатив за ... не знам до ден денеска за што се фатив, еден дечко и подаде нешто на Рада, она на мене... и фрлавме по министерства, влади и останати објекти.

 

Срамота е ова што се случува. Срамота е, здрави, прави, млади деца да шират негативна енергија.

 

Ако јас, четириесет годишен, осудуван, со милион проблеми успеав да излезам на улица и да барам правда на тој начин... зошто да не можете и вие?

 

Срамота е да седите на фејсбук и твитер по цел ден, ќе ви се расипат очите... излезете малце... викајте нешто... пцујте нешто... обојте некое министерство... не вака, цел ден ми го сјебавте со негативна енергија на фејсбук.

 

Се знае за што е фејсбук, мемиња, икони и полуголи фотки од плажа.


Ајде, ве молам, имајте памет за друг пат." - напиша Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Коментари


Остави коментар