Многу хејтери и злобни усти деновиве го обвинија нашиот перфектен премиер за двојни аршини бидејќи тој со години велеше дека нема шанса некогаш државава, со сите проблеми што ги има да се реши за помагање на бегалци.
Сепак, како што видовме пред некој ден, сепак Македонија ќе прими бегалци од Авганистан, што ги прават сите оние изјави на Заев дека примање на мигранти во државава е само фикција што никогаш нема да стане реалност... малку хипокртитично...
СЕПАК! Го имаме одговорот! Зоран Заев изјави дека тој никогаш не би направил нешто спротивно од тоа што го говорел и дека до сега никогаш не направил нешто спротивно од ветувањата!
"Не е вистина. Зли сли пробуваат да направат да изгледам како неинтелигентен хипокрит. Јас сум човек од збор! Приказната за миграните е баба рога за плашење на луѓе. Нема да има мигранти во земјава, си имаме ние други проблеми. Тоа вчера што дојде во земјава беа холограми. Руски хакери ги создале холограмите за да шират анти-Заев пропаганда. Вистината ќе изелзе на виделина! Јас сум човек од збор што никогаш не лаже! Ова се холограми! Баш пробав и да го известам Елон Маск за оваа технологија што ми ја користат злобните сили. Ете, правев муабет со Елон Маск на телефон баш пред некој ден за ова. Ме изненади што збореше малку со руски нагласок, за момент се посомневав дека се некои пранкери. Ама не беа. Елон Маск беше. Ќе се реши се набрзина! Верувајте ми!" - изјави Зоран Заев за нашата редакција.