Конечно одлични вести во борбата против национализмот - чумата на дваесет и првиот век!
Имено, Зоран Заев вети дека ќе престане да ги подобри условите за живеење во нацијата и дека од сега исклучиво ќе се грижи за својот сопствен живот.
"До кога со национализмот бе? Гледам, луѓе, себично ме прашуваат кога ќе ја подобриме државава. Државата а? Нацијата а? Народот а? Тоа се само поделби. Сите сме луѓе. Зошто, на пример, да се грижам за Македонија, а не за Зимбабве??? Што е Зимбабве полош од Македонија???
Секако дека немате одговор. Бидејќи сте националисти. Само за вашата нација си гледате.
Јас, лично не можам да сменам ептен за сите нации во светот, а како што реков, бидејќи не сум националист, не сакам да се грижам само за една нација. Чиста среќа е што сум се родил во Македонија, не ми значи ништо. Да сум се родел во Германија ќе ме молевте да ја подобрам Германија?
Ви велам... нема простор за национализмот во 2021. Секој треба да си гледа за себе, бидејќи тоа е единственото нешто што го имаме. Пред 40 години се грижеле луѓето за Југославија наместо за себе си. А каде е Југославија? Пропадна.... ПОРАДИ НАЦИОНАЛИЗАМ!
Затоа, со кампања "ЕБИ ЈА НАЦИЈАТА - ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ СИ" ќе се бориме против национализмот и ќе ги мотивираме граѓаните да си гледаат за себе си. Еве, јас, баш дел од буџетот што беше наменет за подобрување на животот на граѓаните ќе го пренаменам за мои приватни потреби.
Така се бори против национализмот. Чекор по чекор." - изјави Заев.