На два дена пред почетокот на Европското Првенство во фудбал, сите кладилници сметаат дека Македонија има најмали, а Франција најголеми шанси за освојување на ЕП.
Но, денеска не сме тука да говориме за ЕП, туку за говорот на Зоран Заев кој вети дека Македонија ќе ја направи како Франција!
"Ве уверувам. Ќе ја направам Македонија како Франција. Знам многу луѓе мислат дека не е возможно, но јас сум оптимист. Вчера гледав вести и видов дека некој Французин сакал да му залепи шамар на премиерот на својата држава! Можеби не сум Макрон, но ве уверувам дека ќе работам напорно на тоа и во оваа држава да има граѓани што ќе сакаат да мавнат шамар на премиерот! Чекор по чекор - доаѓаме поблиску до Франција! Остваруваме!" - изјави Заев.