logo

# Сатира

Заев: МОЖЕБИ РУСИЈА ПРАЌА АДМИНИСТРАТИВЦИ ВО УКРАИНА?

насловна слика

Поранешниот премиер на Македонија очигледно не сака да избрза со мислење за моменталната ситуација во Украина.

 

Тој вели дека сегашноста ќе биде решена во иднината, и дека се додека некои идни интелектуалци не седнат да преговараат тој не може да знае што навистина се случува денеска.

 

Тој вели дека дури во иднината ќе има став за сегашноста.

 

"Видете, не можете да знаете што се случува во моментов. Еве, порано луѓе мислеле дека постоеле фашисти, а уствари биле административци. Можеби и во моментов Путин праќа некои административци во Украина за да... за да... ок, не знам што прават административците, најверојатно играат солитер и други игри со карти. Ама поентата ми е... ајде да не избрзуваме, можеби тоа не се бомби и куршуми, можеби се пенкала и тетратки? Иднината ќе ни каже што се случува денеска." - изјави Заев.

 

Коментари


Остави коментар