logo

# Сатира

Заев: ЛУЃЕТО ПОЧИНАА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БАРЕМ НЕМА СЕГА ДИЛЕМА ВО КОЈА ДРЖАВА ПОЧИНАА!

насловна слика

Премиерот, лидерот на СДСМ, поразениот од последните избори на СДСМ, човек што во слободно време прави муабет со Грета Тунберг, принцот на Црна Гора и Тупак, човек што за малце ќе освоеше нобелова награда за мир , НО ПРЕД СЕ ЧОВЕК - Зоран Заев на прес на Владата гордо објави уште една голема победа на оваа влада и држава!

 

"Читам наслови во нашата земја дека починале жители во Северна Македонија. Читам наслови на бугарски медиуми. Истото го велат. Читам наслови во Грција кои го тврдат истото.

 

СЕКАДЕ ПИШУВА ДЕКА ПОЧИНАЛЕ ЛУЃЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!


Ако оваа трагедија се случеше пред неколку години тогаш во Бугарија ќе збореа за ФИРОМ, а во Грција најверојатно немаше ни името да го спомнат на државата. 


Преспанскиот договор продолжува да ни го потврдува идентитетот.

 

БРАВО! ОСТВАРУВАМЕ! ПРОДОЛЖУВАМЕ НАПРЕД! ДА ЖИВЕЕ НАШАТА ЗЕМЈА!" - гордо изјави Заев.

Коментари


Остави коментар