Премиерот Зоран Заев се појави со свој став за пожарите кои земаат зафат во Кочани! Имено, тој смета дека нервозата, гаснењето на пожарите и сплотеноста се одлика на минатото и доколку сакаме да одиме напред треба да се проба со нови, прогресивни, футуристички идеи!
"Зошто мора одма со гасење? Со омраза спрема огнот? И огнот е човек... и тој сака да постои. Зошто да не седнат кочанчани на маса со огнот и да пробаат да најдат заеднички компромис? Еве, огнот сака да го запали цел град. Тие не сакаат да постои огнот. Еве, нека седнат и нека најдат заеднички компромис и огнот само половина град да запали? Мислам дека така и двете страни ќе бидат подеднакво задоволни и незадоволни. Со омраза спрема огнот не може да се влезе во ЕУ. Сега им смета оган, утре можеби ќе им смета дожд, а задутре ќе им смета воздухот?!? Мора да живееме заеднички со огнот и тој е дел од природата!" - изјави Зоран Заев додека чекаше да си купи баничка утрово.