logo

# Сатира

Заев ќе прибере бегалец во својата вила - бегалецот ќе биде Груевски!

насловна слика

Конечно добри вести за сите бегалци од Македонија што порано биле премиери на истата држава.

 

... или на кратко, добри вести за Никола Груевски!

 

Во интервју со една македонска телевизија, Зоран Заев кажа дека планира да помогне на што е можно повеќе бегалци во државата. Секако, зошто да се помага само на бегалци од Авганистан, кога емпатијата треба да работи за сите бегалци! Вклучувајќи и бегалци од Македонија!

 

"Да, вистина е. Ќе вдомам и јас бегалец. Се вика Никола. Нагалено ќе го викам Грујо. Греота е секогаш кога има бегалци. Ми се крши срцево кога некој не може да го има истиот живот што го имам и јас. Затоа, ќе го викнам да живее заедно со мене во премиерската вила. Супер ќе ни биде заедно, секогаш сум велел дека треба емпатијата и љубовта да победат! Заедно ќе јадеме паштета, салама, колбаси, ако треба ќе викнеме проститутки, ќе пиеме винце, шампањ...ќе биде јако жими све.

 

Што? Затвор? Не, не, аболициран сум.

 

Аааа мислите он у затвор? Не, не, сега е време за емпатија и време е да го баталиме минатото." - изјави Заев.

Коментари


Остави коментар