Се наѕира нова дестабилизација на Унијата што автоматски те прави среќен, богат, сакан и со 10 сантиметри поголем пенис од моменталниот!
Имено, најбитната членка на унијата - Република Европска Македонија (што беше решено на тотално успешниот и дефинтиивно не-неуспешниот референдум "За Европска Македонија) најавува дека ќе ја напушти Унијата освен ако таа не направи целосна забрана на пластичните кеси!
Ова, на прес на владата го најави наскоро екс-премиерот Зоран Заев:
"Срамота. Не сакам да бидам дел од унија каде што уште има пластични кеси. И тоа луѓе си ги купуваат најнормално??? ПА КАКО НЕ ИМ Е СРАМ! ТРЕБА 500 ЕВРА ОД КЕСА ДА БИДЕ! Вака ли ќе го спасиме светот бе??? Јас стварно се израдував кога добив убава вест во авион дека сме дел од ЕУ, ама еве, веќе неколку години како членка и не гледам некоја посебна разлика. Жално. Срамно. Или ЕУ ќе ги слуша нашите закани или ќе излеземе! А знаеме, ЕУ сака да слуша закани бидејќи со децении ги слушаше заканите на Грција. Веруваме дека ќе не послушаат и нема да ни дозволат да излеземе!" - изјави видно разочараниот Заев кој веднаш по овој прес отиде да разговара со Грета Тунберг по телефон.