logo

# Сатира

ЗАЕВ: Ќе го разрешам Венко, ама прво да му најдам друго министерство

насловна слика

Конечно, многу веројатно ќе видиме одговорност за ситуацијата во Тетово!

 

Премиерот Зоран Заев храбро и достоинствено кажа дека одговорност мора да има и дека во ваква ситуација нема друг избор освен тоа да му го одземе министерското место на Венко Филипче.

 

"Да. Мора да има одговорност. И ќе има одговорност. Венко повеќе нема да биде министер за здравство. Ќе биде министер за друго. Не знам за што. Мислам видете... јас сум голем човек. Имам емпатија. Срамота е на оваа економија, во време на глобална пандемија да го оставам човекот без работа. Така направив и со Мила Царовска која планира до 2022 да стане министерка во три различни министерства.

 

Еве, гледам луѓе бараат да го разрешам и  Стојанче кој е главен на ЦУК. 

 

Најверојатно така и ќе направам и сите ќе бидат среќни и задоволни.

 

Венко - нов лидер на ЦУК, а Стојанче - нов министер за здравство.

 

И сите ќе бидат среќни и задоволни.

Одговорност пред се! И човечност! Работа за сите! Остваруваме!" - одговори Зоран Заев на новинарско прашање.

Коментари


Остави коментар