logo

# Сатира

Заев: Ќе ги смениме имињата на Авганистанците да бидат подобро прифатени!

насловна слика

Зоран Заев кажа дека ќе проба да направи се што може за да им го олесни престојот на бегалците од Авганистан. Освен престојувалиште, премиерот најави дека за секој бегалец ќе има и третман кај Сретен Костиќ, а најави и смена на името.

 

"Сметаме дека голем број од Авганистофобичарите, збор што сега го измислив, не знам дали знаете ама во слободно време измислувам зборови, а кога немам слободно време имам прес каде што зборам дека голем број од Авганистофобичарите ќе имаат проблем со изгледот на бегалците. Затоа, планираме да ги ошишаме и да ги направиме да изгледаат помалку Авганистачерско. Да, и ова е збор што сега го измсилив.

 

Откако Сретен Костиќ ќе ги среди, планираме и да им ги смениме имињата, со цел подобро да се вклопат во општеството и нели, луѓето да не ги судат според изгледот и името.

 

Јас у слободно време обожавам да менувам имиња без дозвола, така да ова со Авганистанциве ми дојде ко кец на десетка.

 

Планирам да им дадам македонски имиња. Никола, Перо, Мики, Ѓоко, Јане, Горан и слично, а моето омилено име ќе го оставам за последниот бегалец кого планирам да го именувам Илинденко Македоновски.

 

Илинденко Македоновски е име за кое што сум спремен да одам напред! Се надевам ќе ме следи!" - изјави Зоран Заев на прес на Владата.

Коментари


Остави коментар