Шокантниот податок што денес ни го соопшти вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи, дека 93,4% од пријавените во Агенцијата за вработување се функционално неписмени, па затоа не можат да најдат работа, го инспирираше секогаш хуманиот Зоран Заев, да ја активира својата фондација „Едно опшесво за сите“ и да тргне во мисија за нивно описменување.
„Писменос за сите“ е името на најновиот општествено одговорен проект на фондацијата, кој ќе стартува следниот понеделник со осумчасовно предавање на несудениот нобеловец и ќе трае се’ додека неписменоста не се искорени.
- Некој ќе рече дека ова ме прави модерен Кирили Методиј и нема да згреши! Со таа разлика што тој нема номинација за Нобелова, не се обратил пред ООН, не бил премиер...ама да не си ги мериме листите со достигнувања сега. Поентата е дека мисијата ни е иста – да описменуваме и да отвораме очи. – рече ЗЗ.