logo

# Сатира

ЗАЕВ: Јас и Венко експериментираме со ајоаска!

насловна слика

Да, вистина е дека ги користам слободните денови максимално! Сепак, човек мора и да се одмори. За овој одмор, иако многумина се излажаа дека ќе бидам на плажите во Грција, јас еве, ексклузивно ќе ви откријам дека на овој одмор не сум во Грција, ниту сум со моето семејство, туку тргнав само со Венко, сакаме да си ги расчистиме мислите заедно.

Овој пат се упативме кон прашумата во Амазон и еве, тука сме со шаманот, спремни да пробаме ајоаска. Историјата нѐ учи дека ајоаската знае да те однесе на вистинскиот пат токму тогаш кога си загубен, па тука сме да видиме дали навистина е така.

Моментално чекаме на ред, но ме знаете мене, Заев е човек-стратегија, па така веќе имам стратегија како умешно да го продобијам шаманот. Дај Боже да падне некој тендер, да си ја одгледуваме и ние ајоаската и најдобро би било за граѓаните нашата ајоаска да им ја продаваме на шаманите.

Во секој случај, прво да пробаме со Венко, па ќе ве известиме како поминало и дали паднал тендер. Секое наше искуство ќе биде навремено и транспарентно пренесено на граѓаните! Превозбудени сме!

Коментари


Остави коментар