„Видете, Заев знае дека иднината е во криптовалутите. Јас и самиот инвестирам, инвестира и моето семејство. И така на една фамилијарна седенка пред неколку дена решивме и ние да создадеме нова платформа за размена на крипто вредности сѐ со цел да им помогнеме на граѓаните. Зошто Елон Маск да се богати на мојот грб? На грбот, потта и трудот што го вложуваат граѓаните на нашата држава? Не! Заев е свесен има одговорност кон сите во нашата држава, затоа со радост објавувам дека нашата криптовалута ќе се вика СМАККОИН, согласно Преспанскиот договор, спротивно од мислењето на граѓаните дека треба да се вика МАККОИН. Сепак, бизнисот не смее да трпи во вакви кризни времиња, кога на граѓаните им е потребна фиктивна финансиска помош или подобро кажано, фикција воопшто!“ – рече видно возбудениот Заев и продолжи да ја следи криптоберзата на екранот на својот мобилен телефон дизајниран специјално за таа намена.