Конечно го имаме одговорот на прашањето што не го мачи никого!
Конечно дознаваме зошто Заев во исто време верува и ветува различни работи што немаат никаква поврзаност една со друга!
Имено, Зоран Заев има злобник брат што изгледа исто како него и често пати се претставува како нашиот премиер!
"А бе.. види... имам близнак. Ист е ко мене. Јас и Вице не го дружиме ич и го избегнуваме цел живот. Арно ама, снаодлив е и пробува да се пикне било каде. Цела кампања ми ја заеба пред пар години ветуваше дека нема да менувам устав, дури и некој договор потпишал! А бе ееееј, за малце ќе одговарав пред законот за договор што ТОЈ го потпишал дека нема да менува устав или распишува референдум ако дојде на власт. Хаос, еј, цел живот ми го уништи! Ете, ова му е трет пат у последниве пар години да вети оставка... И еве, деновиве луѓе ми викаат дека треба оставка да си дадам. Некои ме фалат викаат дека така се прави, морално сум постапил. Ја појма немав ни за што ми коментираат сите, си возев моторче деновиве. Дури после сфатив дека овој близнаков мој пак излегол таму да ветува оставки. Хаос, еј, хаос" - изјави Зоран Заев за нашиот сајт.