Премиерот на Републиката - Зоран Заев, на својот Твитер профил упати позитивни пораки до Талибанците кои ја "срушија" власта во Авганистан.
"Честитки браќа Талибанци! Веќе еднаш бев дел од револуција што сруши владејачки режим и знам колку е убаво чувството кога сам ќе дојдеш на власт и сам ќе ја правиш државата по сопствено убедување! Нормално, има хејтери. Сигурно сите тие што ве мразат се ВМРОвци. И мене вака ме хејтаа. Но ве уверувам, нема ништо подобро од тоа да излезете на револуција ако не ви се допаѓа власта! Едвај чекам да соработуваме!" - изјави Заев, кои се уште не сме сигурни дали знае што е револуција, талибанци, власт или шарена револуција.
За волја на вистината не знаеме ни ние.