logo

# Сатира

ЗАЕВ: ГУГЛ, ФЕЈСБУК И МУСК ЧЕКАА ДА НЕ ДОЈДЕ КАСТРИОТ ЗА ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!

насловна слика

Добро е! И нас ќе не огрее силно сонце на слободата!!!

Имено, според премиерот Заев*, големи фирми како Гугл, Фејсбук и Муск чекале да видат дали Кастриот Реџепи ќе се појави да гласа за недоверба на владата пред да инвестираат во Македонија!

 

"Баш сега, кога се возев во авион добив одлични вести!!! Имено, фирмите Гугл, Фејсбук и Муск ќе инвестираат во Македонија! Тие беа на граница, спремни да се вратат во рикверц. Чекаа информација дали Кастриот Реџепи ќе гласа за недоверба на владата или не... и сега кога тој не се појави можам гордо да кажам дека ќе инвестираат во Македонија! Браво! Овие три фирми се навистина преголеми и ќе донесат голем капитал во земјава!

 

Што? Како мислиш Фејсбук сами решиле да станат Мета по ново? Како бе така сами си бираат име? Овие праеле муабет со ЕУ и НАТО? Не смееш сам да си одбереш име... што? Муск не е фирма? Човек е? И не се чита така? Елон? Што е тоа Елон бе? Што? Микрофонот не е угаснат?" - изјави Зоран Заев на прес за новинарите.

 

 

 

* = не си најави овој 10 остсавки до сега? Како е уште премиер? Што е следно? Венко е се уште министер за здравство???

Коментари


Остави коментар