Добро е! Кога сите сметаа дека големите фирми Гугл, Фејсбук и Елон Муск ја заборавија нашата земја, сепак премиерот е тука и не' убедува дека се ќе биде во ред!
Имено, како што пренесува Заев, Гугл чекале да се обединиме против злото за да влезе во земјава и да инвестира.
"Луѓе! Еве го Гугл! На граница е! Му прават сега тестови за Ковид! Само што не влегол! Ќе влезе кај и да е! Арно ама, господин Гугл ми кажа дека ќе влезе во земјава и ќе инвестира само ако се обединиме против злото! Затоа ајде да се обединиме! Уште ова... и уште малце пар работи... и уште нешто после... И ГУГЛ ВЛАГА У МАКЕДОНИЈ.. ОВАЈ, У НАШАВА ЗЕМЈА! УШТЕ МАЛЦЕ! ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ! АЈДЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ!" - кажа Заев на митингот на СДСМ.