logo

# Сатира

Заев: Груевски ќе биде директор на Агенција за иселеништво

насловна слика
Поранешниот премиер а сегашен бегалец, Никола Груевски, ќе биде директор на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија. Оваа информација доаѓа по предлогот на премиерот Зоран Заев, пратениците од поранешниот парламентарен состав да добијат работа во некоја од државните институции. Премиерот Заев истакна дека Грувески, поради своето долгогодишно искуство како пратеник, министер и премиер, но и како иселеник во Унгарија, ќе биде одличен директор на Агенцијата за иселеништво. Од друга страна, премиерот Заев е свесен дека неговиот претходник во моментов нема никакви примања, а животот во Унгарија воопшто не е евтин, па затоа директорската плата му е повеќе од потребна за да врзе крај со крај. Груевски ќе работи онлајн, од својот дом во Будимпешта, а своето долгогодишно искуство, наместо во пишување на статуси на Фејсбук ќе го пренасочи во унапредување на Агенцијата за иселеништво.

Коментари


Остави коментар