Ќе ја биде земјава! Уште малце, само што не ја биднало!!!
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ вели дека прашање на време е пред земји да инвестираат во земјава!
Имено, според Зоран Заев, земји од Луганската Народна Република и Доњецката Народна Република чекаат да заврши војната во Украина за да инвестираат во земјава!
"Да, да, прашање на време е пред да дојдат инвестиции во земјава. Нели, не сум премиер, ама Ковачевски се срами, не сака да се фали, па еве јас ќе кажам. Пар фирми од ДНР и ЛНР чекаат да заврши војната во Украина за да инвестираат тука. Прашање на време е само... Еве, само што не инвестирале..." - изјави Зоран Заев.