Ќе ја бидне земјава!
Само уште овие, пар проблеми да се средат, и уште пар некои кочници што ги имаме, и уште внатрешно и надворешно нешто да чепнеме и уште пар други ствари... и ете, кај и да е - ќе ја бидне Македонија земјава!
Откако Гугл, Фејсбук и ЕлонМуск инвестираа во земјава во истиот момент кога Крсто Мукоски гласаше за неуставна промена на името на државава - се најавува и нов инвеститор!
Станува збор за Македонец кој во моментов живее во Унгарија, а неговата инвестиција ќе пристигне кога ќе се реши проблемот со Бугарија!
"Јас не сум премиер повеќе ама ја следам ситуацијата. Наводно извесен Никола Груевски чекал да им ги тутнеме Гоце Делчев и Мирко Попов на Бугариве, па ќе инвестирал во земјава. Се е легитимно, фирмата се вика И.Ц.И.Ц.ЛТД. - а се наоѓа во Унгарија. Сопственик е наш човек, Македонец, кој емигрирал во Унгарија, најверојатно претпоставувам поради лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Ете, уште еден чекор дека решавање на проблемите со соседите носи инвестиции! Веќе еднаш дојдоа Фејсбук, НАСА, Гугл и ЕлонМуск, а еве сега и фирмата И.Ц.И.Ц.ЛТД. на Никола Груевски е спремна да инвестира! Браво!" - изјави Зоран Заев.
Супер, се надеваме дека набрзина ќе им ја тутнеме нашава историја на Бугариве за да може да се вработиме во фирмата на Никола Груевски!