logo

# Сатира

Заев до сопругата: НЕ ЈА ЗНАМ ЈЕЛЕНА, ИМАМ 46 ГОДИНИ СЕ ДЕШАВА ДА СЕ ЗБУНАМ!

насловна слика

Нови проблеми во семејството Заеви. Откако тој пред една недела кажа дека во младоста бил заљубен во некоја Јелена од Горњи Крагуевац, дознаваме дека неговата сопруга го избркала од спалната по што нашиот премиер морал да спие на каучот во дневната.

 

Денеска, во соопштение за сопругата, тој се оградува од изјавата за некоја си Јелена и вели дека оваа грешка е сосема случајна.

 

"Уф? Јелена? Ау... а бе... ЈЕЛЕН... ЈЕЛЕН ПИВО! Јелен пиво пиев како млад во Горњи Милановац... сфати ме! Значи 46 години имам и се дешава да заборавам работи или по грешка да додадам буква А на крај на Јелен... а бе...Јелен пиво пиев... не беше Јелена!" - се вели во соопштението на Заев до сопругата.

 

Сепак, ова извади проблеми со полицијацата во Горњи Милановац која кривично почна да го гони Зоран Заев поради тоа што како малолетник пиел пиво.

 

Сепак, господинот Зоран Заев упати и свој став кон Полицијата на Горњи Милановац:

 

"Аууу.. Јелен реков? НЕ БЕ ПИВО...леле...се дешава...ЈЕЛЕН! Или Елен по нашки... јадев елен.... во ресторан еден... со сокче од морковче. Не пијам тоа...како го викаат? Пив... како беше? Пиво? Не пијам тоа јас, никад не ни имам пробано, ама имам гледано еднаш еден како пие. Ама стварно, грешка беше. Јелен јадев... не беше пиво... сфатете како е, 46 години имам, се случува ова..."

 

Сепак, "PETA Serbia" го нападна нашиот премиер поради тоа што тој јадел елен, па господинот Заев мораше повторно да се брани.

 

"Ау... елен реков? А бе... имам 46 години, знаете како е, по грешка кажувам работи што не ги мислам... а бе...јадев...јадев...ам... ам.... дечки...ајде да го баталиме минатото. Ајде да гледаме напред" - изјави Заев во соопштението до "PETA Serbia"

Коментари

WxYz15L5TjGAk7uL3V5HqjWPuFf3aVZf5CAO7GpT

хахаха, редовна состојба на ликот.... збунитис.... хахаха

YbKGe6g9D0emALDxxeF3ZTeJ17XrpvZwcd2k3YV1

Murtinhousen syndrom

zPoswliwTYOqmgrftpE1JDkCpcwxgViYm2Mdk6rb

Хахаха, добра дијагноза

rAkDJi2YYEnaQ6EufnM4cWmo8KEMSmSSEgWA0Hi7

Ништо страшно, си подлжуе чат-пат, ама у душа е искрен ко Минхаузен


Остави коментар