logo

# Сатира

Заев до Слави Трифонов: Ако мислиш дека ќе потклекнам за јазикот онда... онда... ај да не зборам сега

насловна слика

Премиерот кој никогаш не го прекршил законот, колкот или својот збор повторно со остри зборови кон членката на ЕУ (иако, реално, не знаеме зошто Заев има остри зборови кон членка на ЕУ, сите знаеме дека само перфектни држави се дел од ЕУ и автоматски влез во ЕУ те прави перфектен... така да, што има премиер на земја што не ја бива да и кажува на земја што е дел од ЕУ што е паметно а што не? Се знае, ако не си дел од ЕУ онда си глуп, ако си дел од ЕУ онда све е топ... ама ајде, не му се мешаме) докажа дека државава има сериозни црвени линии и розеви очила!

 

"Слави! Слушај ваму! Сакате да ни го земете јазикот. Сакате да ни ја земете историјата. Да баталите дека сте биле од страна на фашизмот. Е ПА ИМАМ САМО ЕДНО НЕШТО ДА ТИ КАЖАМ! НИЕ, ОД НАШАТА ЗЕМЈА, НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ... НЕМА... НЕМА ДА ДОЗВОЛ... НЕМА... ОВАЈ...ам.. нема... ам.. овај... Ајде, да не зборам сега пред камерите, деца гледаат, срамота е. Ама кога ќе се сретнеме ќе видиш! Све ќе ти кажам! Има да се зачудиш дури! Ете така да знаеш!!!" - изјави Зоран Заев на прес на Владата.

Коментари

Илинка

има ли терапија за ваков психијатриски случај .....


Остави коментар