Лидерот на не-нашата земја, вчера имаше средба со премиерот на нашата земја.
На средбата, Зоран Заев упати неколку зборови на француски јазик, а Емануел Макрон му кажа "Брат, вчера ми мавнаа шамар, помалце ме болеше од ова да те слушам како пробуваш да збориш на нашки, те молам прекини..."
Освен јавната средба, дознаваме дека зад затворени работи се говорело за се и сешто, а главна тема на разговор била зборот "merci" и користењето на истиот од страна на Французите.
"Види брате Ману... може да те викам Ману? Како бе ова им го украдовте зборот "мерси" на Бугарија??? Они го користат... ама и вие го користите. Како го решивте проблемот? Им дадовте некој фудбалер? Рековте дека Херкул Поаро не е од Франција? Потпишавте нешто? Го сменивте уставот? Игнориравте референдум? Демократија убивте? Како? Пошто сигурно до сега ќе чув дека нешто се десило... ама немам чуено... што направивте за да ви ги дадат правата за користење на ова зборче?" запрашал Заев, а дознаваме дека Макрон само се прекрстил.