logo

# Сатира

Заев: ДИКТАТОРОТ ЕРДОГАН ЌЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО НА ТУРЦИЈА? СРАМОТА!

насловна слика

Изгледа дека на поренешниот лидер на СДСМ, поранешниот премиер, поранешниот затвореник и поранешниот замалкукандидат за Нобеловата награда навистина му годи паузата од работните обврски.

 

Овие денови тој ги поминува со фамилијата, а вели дека се уште е навикнат на јадење лепче и салама иако сега има повеќе време и благодарение на премиерската плата може да си дозволи лепче и две парчиња салама.


Ова беа само дел од темите на разговор кои нашата редакција ги помина во интимен разговор со поранешниот премиер. Разговаравме за неговиот приватен живот, домашната и светската политика.


Добар ден господине Заев. Навистина ни значи што се сложивте за едно вакво интервју. 

 

-Добар ден и на вас и ви благодарам на понудата. Секогаш сум слободен за добро интервју со независни медиуми, за разлика од мојот претходник.

 

Оливер Спасовски?

 

-Не, не, мислев на другиот претходник, првиот пат кога стнав премиер.

 

Емил Димитриев?

 

-Не, не мислев ни на тој. На другиот пред Димтириев мислев.

 

Груевски?

 

-Е да. Тој. Кога ќе дојдеме на власт ќе си лежи! И Мерцедесот ќе му го продадеме и дефинитивно нема да го користиме Мерцедесот за кој го гониме кривично.

 

Господине Заев... што?

 

-Уф, извинете, мислев уште сум на митинг. Знаете, ми треба време да се навикнам на слободното време. Ми се случува да се збунам и да не знам каде сум или која година е. Тешка е транзицијата од вработен во невработен. Особено ако работата ти била Премиер. Не е лесно.

 

Е не лесно. Така си е. Ајде да започнеме со домашната политика. Премиер е Ковачевски. Мицкоски од друга страна пак бара предвремени избори. Што очекувате од владата на Ковачевски.

 

-Одлична влада ќе биде. Немам сомнежи во мојот пријател Ковачевски. А тоа Мицкоски што вели... баталете го. Срамота ми е да го слушам. Замислете, лидер на опозиција да бара предвремени избори? Срамота! Тоа никогаш нема да се случи со мене како лидер на опозиција. Срамота е еднаш да побараш предвремени избори, а камо ли повторно и повторно. Тоа само говори каков лузер од човек е Мицкоски.

 

 Верувате дека Ковачевски ќе има решение за ситуацијата со Бугарија?

 

-Да. Ќе се среди се наскоро. Мислам дека во следните две недели ќе имаме конечно решение. Следните две недели се клучни. Така и Венко ми спомна баш пред некој ден. А јас го слушам Венко.

 

Ајде малку да говориме за интернационалната политика. Главна тема деновиве е ситуацијата со Крим. Како може Украина и Русија да го решат нивниот проблем?

 

-Дојрански договор! Јас баш и му се јавив на Путин додека бев премиер и му реков дека Дојран е слободен за потпишување на договори. Потпишуваат договор Русија и Украина. Пола Крим да припадне на Украина, а пола Крим на Русија. Јас така решавам договори. Разумно и рационално. За малце ќе добиев Нобелова награда со овој метод на решавање. Не знам зошто Украна и Русија не го пробаат истото. Најверојатно се заостанати, не се толку напредни како нашата земја. Тоа е, што да правиш.

 

Најнова вест е дека Ердоган ќе го смени интернационалното име на Турција од Turkey во Turkiye. Што мислите за тоа?

 

-ДИКТАТОР! Баш со моите другари од Американската амбасада зборевме пред некој месец дека е диктатор што си прави што сака и еве, сега се докажува. Ќе менува име он? Ццц, типичен диктаторски потег.

 

За крај, каде ја гледате државава за 10 години од сега?

 

-Не.

 

Ви благодарам за интервјуто господине Заев. Ви посакуваме се најдобро.

 

-Фала и кај вас.

Коментари

JQYeSdH1Kg0JZlELZng4wElBjRu1AOowkOhA3F9A

абре уште ли со овој сељак ќе не занимавате?!!


Остави коментар