Зоран Заев го откри планот за влез на вашата земја во Европската Унија на Автоматско Усреќување и Благослов.
Имено, владата планира најпрвин да го реши проблемот со јазикот, а потоа дел по дел да влегуваме во Унијата!
"Гледам на луѓе им смета што се збори за јазикот. Мора прво со јазикот да влеземе во ЕУ. После тоа ќе биде полесно. Еве, јас ќе пресечам дел од раката, некој ќе пресече нога, некој коса... дел по дел ќе влеземе... И Господ така го создал човекот дел по дел... Прво јазикот, па после и другите органи..." - изјави Заев.