logo

# Сатира

ЗАЕВ: ДА ЗНАЕВ ДЕКА ВОЈНАТА Е ЛОША НЕМАШЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО!

насловна слика

Војната ги менува луѓето.

 

Некои на лошо, а други на полошо.
 

Никој  не останува смирен во очи на теророт што го носи смртта.

 

Така и поранешниот премиер на Нашата Земја напиша фејсбук статус во кој вели дека ситуацијата во Украина му отворила очи кон тоа колку е лоша војната, па почнал да гугла за останатите војни во светот и дознал што навистина е НАТО.

 

"Дечки извинете. Штотуку сфатив дека војната е лоша. Малце изгуглав и... да знаев порано дека војната е лоша немаше да влеземе во НАТО. Мене ми беше кажано дека НАТО ќе не' брани. Ја мислев нешто security е тоа. Ви текиња? Нешто како Грујо што го имаше Урко, ако ви текиња? Е па... ја мислев тоа НАТО е слично. Прво мислев тоа дека е некоја набилдана жена што се вика Наталија и ќе ме брани, па нагалено ја викаат Нато. После тоа ми кажаа организација е. И јас си поврзав дека е нешто фирма за обезбедување или слично. Арно ама, ситуацијава во Украина ме натера да изгуглам и... ова лошо било, бе! Па зошто не кажавте порано бе?!?!?!? Да знаев дека војната е лоша порано дефинитивно немаше да влеземе во НАТО!" - гласеше фејсбук статусот на Заев.

 

Пробавме да му пишеме порака на господинот Заев во која се објаснува дека непочитување на реферндум, устав и потпишани договори е исто така лоша работа, ама кој знае, можеби ова ќе го сфати во друга воена ситуација.

 

 

Коментари


Остави коментар