Премиерот на државата со нова кампања проба да ги разубеди анти-ваксерите во државата!
Имено, тој удри јако по сите ТВ лица што немаат поим со медицина, а сепак шират анти-ваксерска пропаганда!
"Ова е срамота. Милион научници и доктори ви велат дека треба да се вакцинирате, а вие сакате да го слушате Сашо Тасевски и Миа Костова? Ма ајде ви се молам. Срамота е да слушате ТВ лица за вакцина, тема со која што немаат никаква врска! Тоа е како мене да ме слушате да ви зборувам за устав, демократија или право. Нема логика" - напиша Зоран Заев на МајСпејс.