Можеби победникот на внатрепартиските избори - Зоран Заев се уште нема став откако се повлече од позицијата претседател на СДСМ, но затоа тука со свои зборови е поразениот од гореспоменатите избори - Зоран Заев.
Тој вели дека партијата направила погрешен избор кога го изгласала Зоран Заев и дека доколку тие гласале за него, ова немало да се случи.
"Ви реков!!! Зошто гласавте за Зоран Заев да биде лидер на СДСМ??? Требаше да гласате за мене! Се ќе беше супер во државава и во нашата партија! Никогаш нема да се смирам за поразот!!!" - напиша на фесјбук Зоран Заев, поразениот на изборите во СДСМ.