logo

# Сатира

Заев: Да беше жив, Делчев ќе сакаше да не почитувам демократија!

насловна слика

Премиерот Триоран Триаев во емотивен говор се обрати кон нацијата и испрати желби за единство!


Го пренесуваме говорот во целост:

 

"Здраво.
 

На овој голем празник за нас, Бугарија, Грција, Србија, Косово и Албанија сакам да се обратам кон жителите на нашата земја.
 

Ова е празник за секој еден жител на државава. Секој.

Ова е празник на Албанците, Србите, Бугарите, Бошњаците, Ромите, Еѓипјаните, Црногорците, Грците, а секако, пред се е празник на жителите на нашата земја.


Ова е празник кој треба да не потсетува на единственоста и сплотеноста.

Ова е празник, кој треба да не потсетува дека во 1903 година, група на жители се собрале и преку дијалог, потпишан договор и билатерален однос се ослободиле од опресивниот режим. Сакам на шега да кажам дека тие беа првите кои срушија режим со пенкало, се смее.

 

... се извинувам, ова "Се смее" во заграда ми било ставено како знак дека требало да се насмеам во овој дел од говорот, не требаше да го прочитам.

Нејсе, да продолжам.

 

Успехот на Илинденците треба да нe' охрабри сите еден од нас да влеземе во ЕУ! Бидејќи тоа била целта на востаниците - да влеземе во ЕУ и НАТО. Вистинската цел на сите илинденци била да бомбардираат недолжни деца во Афганистан и Палестина, нешто за што ќе се учи во новите учебници на Мила Царовска.

 

И впрочем, Гоце Делчев доколку беше жив, сигурен сум дека ќе беше член на СДСМ и дека ќе ја поддржеше идејата за уништување на сите устави и закони. Сигурен сум дека ако беше жив, Делчев ќе сакаше да не почитувам демократија, поради тоа што и самиот Гочка сакаше Северна Македонија да влезе во ЕУ! Самиот Гочка пред умирање имаше кажано "Да ми ја чувате Северна Македонија... и со сметка од ЕВН да се доделува државјанство!"... да, така беше за овие последни зборови на Гочка ќе се учи исто така во новите учебници.

 

Инаку, јас господинот Делчев го чувствувам за толку многу близок до моето срце што го нарекувам нагалено. Гочка.


Баш пред некој ден бев на лекар и лекарот ми кажа "Господине Заев имате нешто чудно до вашето срце, мора рентген!", а јас му реков "Не се грижете, тоа не е болест, тоа мојот Гочка" се смее.

 

... се извинувам, пак го прочитав ова по грешка што ми го пишале.

 

Затоа, ајде да се обединиме и да ги почитуваме последните зборови на Гоце Делчев.

Заедно.

 

Остваруваме!


Крева рака во воздух!

 

...се извинувам... и ова не требаше да го прочитам..."

Коментари


Остави коментар